447
Работник паднал од кровна конструкција на хала во Прилеп, при што се здобил со тешки телесни повреди. При укажаната лекарска помош, бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
„Вчера утрото во времето од 08:00 до 09:00 часот во Прилеп во хала на фирма лоцирана на улица „Александар Македонски“ при реконструкција на кровната конструкција, А.Д. (38) од село Бороец, струшко, паднал при што се здобил со тешки телесни повреди.
Тој по укажаната лекарска помош во Градска болница Прилеп е префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот во присуство на инспектор за заштита при работа од Министерство за труд и социјална политика.“