482
Еден работник е тешко повреден откако вчера во Куманово врз него паднеле метални профили од сајла за транспорт.
Несреќата се слчучила во фабриката „11-ти Октомври“, а работникот М.С.(33) од селото Горно Којнаре, Кумановско, се здобил со тешка телесна повреда во пределот на главата.
Поради сериозноста на повредите, работникот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.