Работната група за уставни измени го скрои планот за работа, откако едногласно изгласан e деловник за работа.
Претседателката на работната група, Маргарита Цаца-Николовска, по завршувањето на средбата порача дека не се ограничени со рокови, но воедно посочи дека уставните амандмани преку кои ќе се внесат Бугарите во уставот треба да бидат подготвени што е можно побргу.
На прашањето пак дали ќе се отворат други прашања поврзани со Уставот, како и темата за отстранување на 20 отсто, односно во него да стои изрично албански јазик, Николовска рече дека мандатот на оваа работната група има јасен фокус и тој е во насока на европскиот предлог за продолжување на евроинтегративниот процес.
Работната група во наредниот период ќе се состанува еднаш неделно. Следната седница е закажана за 26 мај.
Оваа работна група има вкупно 23 членови од кои десет се од редовите на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца членови од институции.