Нов масовен протест во Србија: Вучиќ оди си!

by Фокус

Денеска се одржува третиот митинг „Србија против насилството“ во организација на дел од опозицијата и граѓани на Србија, на кој граѓаните скандираа „Вучиќ, оставка“ и „Вучиќ оди си“.

Собранието на Србија ја продолжи расправата за владиниот извештај за безбедносната состојба по масовните убиства во Белград и на подрачјето на Смедерево и Младеновац, но без претставниците на Демократската партија и Клубот Зелено-левичарски, кои одлучија да не да учествуваат на седницата.

На протестот прва зборуваше Ивана Михајловиќ, фармерка и една од мајките, на кои, како што вели, им згрешил режимот на Вучиќ. Како што пренесуваат српските медиуми, таа изјавила дека на нејзиното дете му било забрането да оди во градинка бидејќи минатата година учествувала на протестите на земјоделците.

-Сакаме да живееме без страв во нашата земја. Тука сме затоа што сакаме Србија без насилство. Зарем тоа не им е јасно на сите? Тие што ја водат државата имаат апсолутна моќ, но и апсолутна одговорност. Не смееме да им дозволиме да си играат со нашите и со животите на нашите деца – изјави таа.

 

Поврзани новости