326
Предвремени избори не се решение за ништо, имаме доволно време да работиме на убедување на целата или на дел од опозицијата да ги поддржи уставните амандмани, треба времето да го искористиме за оваа тешка одлука, рече вицеремиерот Бојан Маричиќ во интервју за Јуроњуз на грчки јазик.
-Првото гласање ќе биде кога ќе се обезбедат 80 од 120 пратеници – вели Маричиќ и додава дека се надева на гласот „барем од еден дел од опозицијата“.
Според него, секој пратеник има индивидуална одговорност, но, како што вели, и сите партии имаат одговорност да учествуваат во одлуките важни за интеграцијата во ЕУ.