Работел на приватна куќа, паднала плоча и починал на самото место

by Fokus

Шеесет и четиригодишен кумановец починал откако додека работел на приватна куќа врз него паднала плоча, информираа од МВР.

Според полицијата, денеска околу 09.00 часот во Куманово, додека работел на приватна куќа на ул. „Никола Спасиќ“,  врз С.Д. (64) од с.Тромеѓа, кумановско, паднала плоча. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Куманово, а од таму во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била констатирана смрт.

Увид извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости