596
Велика Британија нема да го сврти грбот на обврските што ги презеде во својата поранешна колонија во Хонг Конг, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб, кој оцени дека Кина ги прекршила ветувањата со новиот закон за безбедност.
Според тој закон, обид за отцепување и бунт, ќе се смета за кривично дело за кое е можна казна доживотен затвор,
„Кина одлучи да го прекрши ветувањето што го даде на народот во Хонг Конг и да оди против она на што се обврза пред меѓународната заедница“, напиша Раб на Твитер.
Претходно Раб изјави дека сака да ги види деталите од новиот закон пред да донесе одлука за следните чекори.