611
Шефот на британската дипломатија, Доминик Раб предупреди дека со сегашното темпо на вакцинација, светот ќе се вакцинира против Ковид-19 дури до 2024 година.
Министерот ги повика другите земји да и се придружат на Велика Британија во донирањето вакцини за сиромашните нации.
Раб се надева дека земјата ќе биде следена и од други земји, откако Велика Британија почна со дистрибуцијата на првото количество од 100 милиони вакцини што планира да ги отстапи, пишуваат британските медиуми.
-Знаеме дека со сегашното темпо светот ќе се вакцинира дури во 2024 година. Сакаме овој датум да го поместиме до средината на следната година и тоа во голема мера би ја променило ситуацијата во погодените земји, рече британскиот министер за надворешни работи.