Путин за 8 Март ги поздрави жените војници кои се борат во Украина

by Fokus

На Меѓународниот ден на жената, рускиот претседател Владимир Путин ги поздрави жените војници кои се борат во Украина и оние кои го поддржуваат рускиот напад врз нејзиниот сосед.

Исто така, по повод 8 март, Путин издаде декрет за помилување на 52 жени кои отслужуваат затворска казна, од кои некои имаат воени родители.

Во говорот рускиот претседател рече дека особено им оддава почит на „жените кои се во зоната на специјални воени операции“ во Украина и „вршат борбени мисии“.

Путин вчера ја посети Вишата воена школа за пилоти во Краснодар, која го носи името на Анадолија Серов, каде што им подари цвеќе на женските пилоти на обука по повод претстојниот Меѓународен ден на жената.

Според министерот за одбрана Сергеј Шојгу, повеќе од 300.000 жени „служат и работат во руските вооружени сили“.

Во посебна видео порака денеска Шојгу им се заблагодари на мајките на војниците кои се борат во Украина.

„Израснавте вистински патриоти и храбри бранители на татковината“, рече Шојгу.

Во последните недели сопругите на мобилизираните војници организираа демонстрации пред Кремљ и побараа нивните сопрузи да се вратат од фронтот од Украина, пишува France Presse.

Поврзани новости