(Видео) Од авион падна гума при полетувањето во Лос Анџелес и погоди паркирани возила

by Fokus

Авион на Јунајтед ерлајнс вчера принудно слета на пистата во Лос Анџелес, откако му падна гума за време на полетувањето. Авионот полетал од Лос Анџелес за Јапонија со 249 луѓе, но веднаш се вратил на аеродромот.

Паднатата гума заврши на паркингот за вработените на аеродромот, при што беа оштетени неколку автомобили, но нема жртви. Јунајтед нагласи дека патничките авиони се дизајнирани да можат да слетаат доколку дојде до таква ситуација.

Боингот 777 има шест тркала на секоја страна под крилата.

По кратко расчистување, пистата повторно беше ставена во функција.

Поврзани новости