360
Рускиот претседател Владимир Путин денес потпиша указ за суспензија на договорите за избегнување на двојното оданочување со „непријателските земји“, односно со оние кои воведоа санкции кон Москва.
Указот се однесува на 38 непријателски земји, вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави, пренесува РИА новости .
Путин изјави дека одлуката ја донел „врз основа на потребата да се преземат итни мерки во врска со непријателските дејствија извршени од странски земји против Руската Федерација и нејзините граѓани“.