742
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска потпиша одлука според која напролет во руската армија ќе бидат регрутирани нови 134.000 војници.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека новата регрутација не е поврзана со инвазијата врз Украина.
Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу наведе дека новите регрути нема да бидат испратени во воените жариштата.
-Поголемиот дел од воениот персонал во центрите за обука ќе помине професионална обука во траење од три до пет месеци. Нагласувам, регрутите нема да бидат испратени во жариштето на војната – истакна Шојгу.