Путин се закани: Доколку некој интервенира во Украина ударот ќе биде молскавичен!

by fokus

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека веќе се донесени одлуки оти Русија ќе одговори брзо доколку некој сака да интервенира во ситуацијата во Украина и да создаде стратешка закана за Русија.

„Доколку некој интервенира во ситуацијата во Украина и создаде закана од стратешка природа, ударот ќе биде молскавичен“, предупреди Путин, нагласувајќи дека Москва за таа цел ќе користи средства што нејзините противници ги немаат.

Путин му рекол на Гутереш дека сè уште верува во преговорите со Украина

„Одговорот на Русија ќе биде моментален и ќе ве одведе до последици какви што досега не сте доживеале во вашата историја. Подготвени сме за каков било развој на настаните“, рече рускиот претседател.

Тој додавава дека Русија ги има сите средства за тоа.

“Такви што сега никој друг не може да се пофали со нив и ќе ги искористиме ако треба“, предупреди Путин.

Рускиот лидер, како што рече, пропаднале плановите на руските противници да ја уништат неговата земја со санкции.

Поврзани новости