Путин се слушнал со иранскиот претседател: Ги јакнеме врските

by fokus

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со иранскиот претседател Ебрахим Раиси и двајцата го истакнале зајакнувањето на политичката, трговската и економската соработка, соопшти во саботата Кремљ.

Во соопштението не е наведено кога се одвивал разговорот, ниту пак се споменува испораката на оружје на Иран во Москва.

Русија ги засили напорите за зајакнување на врските со Иран и другите незападни земји откако започна инвазија на Украина на 24 февруари, што беше остро осудено од западните земји.

-Тие разговараа за повеќе прашања со акцент на зајакнување на соработката на политичко, трговско и економско поле, вклучително и транспорт и логистика, соопшти Кремљ.

Висок руски безбедносен функционер се состана со иранските лидери во Техеран во средата и двете земји ветија дека ќе ги зајакнат врските.

Посетата доаѓа во време кога Украина и западните земји ја обвинуваат Русија дека користи ирански беспилотни летала за уништување на енергетската инфраструктура на Украина.

Иран вели дека и доставил на Русија мал број беспилотни летала пред почетокот на војната.

Поврзани новости