Болдвин поднесе тужба против филмската екипа: Сакам да го исчистам името

by fokus

Холивудскиот актер Алек Болдвин поднел тужба против четворица членови на филмската екипа поради пукањето на снимањето на вестернот „Rust“, во кој од пиштолот кој го користел Болдвин во текот на пробата на сцена беше убиена снимателката Халина Хатчинс.

Хатчинс беше убиена кога Болдвин од револверот со кој вежбал за сцената во текот на снимањето во Ново Мексико испукал вистински куршум кои ја погодил неа и режисерот Џоел Соуза, кој преживеа.

Тужбата на Болдвин е поднесен пред Врховниот суд на округот Лос Анџелес како противтужба која произлегува од претходната тужба во којашто друг член на филмската екипа ги наведе Болдвин и другите како обвинети.

Сакам да го исчистам моето име, рекол Болдвин.

Болдвин поднесе тужба против Хана Гутиерез-Рид, која беше задолжена за оружјето, првиот помошник на режисерот Дејв Холс, добавувачот на реквизити Сет Кени и мајсторот за реквизити Сара Захари, објави Ројтерс.

Болдвин во телевизиско интервју изјави дека не го повлекол чкрапалото на револверот за време на пробата за пукање и дека тој пукал откако го активирал.

Поврзани новости