Путин се прошета во окупираниот град Мариупол

by Fokus

Рускиот претседател, Владимир Путин, непланирано го посети градот Мариупол, како прво патување на територијата на украинскиот регион Доњецк, кој е под руска окупација од почетокот на војната.

Посетата следи откако Путин во саботата ненајавено отпатува на Крим, по повод одбележување деветгодишнина од руската анексија и само два дена откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење.

Мариупол кој минатата година падна во руски раце по една од најдолгите и накрвавите битки во војната, беше прва голема победа на Русија.

Со посетата на Мариупол, Путин се приближи најблиско до првите линии на борбата. Тој се возеше со автомобил низ градот, посети неколку локации и разговараше со жителите.

Поврзани новости