Путин: САД и сојзуниците погодија цивилни и воени капацитети во Сирија, кршејќи ја Повелбата на ООН

by fokus

САД и нивните сојузници погодија цивилни и воени капацитети во Сирија, кршејќи ја Повелбата на ООН и меѓународното право, реагираше рускиот претседател Владимир Путин на нападот на САД, Франција и Велика Британија врз Сирија.

-Русија ќе свика итен состанок на Советот за безбедност на ОН за да разговара за агресивните акции на САД и нивните сојузници, рече Путин.

Тој додаде дека Русија не нашла никакви докази за напад со хемиско оружје во предградието на Дамаск Дума, што доведе до денешните воздушни напади.

-Руските воени експерти на местото на наводниот инцидент не најдоа никакви знаци на употреба на хлор или други отровни супстанции. Ниту еден локален жител не го потврди фактот за хемиски напад, рече Путин.

Поврзани новости