Русија ќе започне со распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија откако складиштата ќе бидат подготвени од 7 до 8 јули, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во разговор со белорускиот претседател Александар Лукашенко во Сочи.
Путин рече дека се се одвива според планот и е стабилно, соопшти Кремљ.
Претходно на 25 мај Путин и Лукашенко се договорија за план за распоредување на руски копнени нуклеарни ракети со краток дострел на територијата на Белорусија, каде што ќе останат под руска команда, потсетува Ројтерс.
Двете соседни земји формално се дел од „заедничката држава“ и со години се во разговори за понатамошна интеграција, процес што се забрза минатата година откако Минск и дозволи на Москва да ја користи белоруската територија за испраќање војници во Украина.
Белорусија се граничи со Литванија и Летонија на север и со Полска на запад, кои се дел од источното крило на НАТО.