Руската забрана само ги турна во втор план стравувањата дека построгите услови за финансирање би можеле да ја потиснат економијата и побарувачката на нафта.
Цените на нафтата се искачија над 94 долари на меѓународните пазари, бидејќи трговците оценија дека руската привремена забрана за извоз на гориво може да ја зголеми побарувачката од рафинериите и дополнително да ги оптоварува тесните резерви.
На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше повисока за 80 центи од вчерашното затворање и изнесуваше 94,10 долари.
На американскиот пазар барелот се тргуваше по повисока цена од 95 центи, од 90,58 долари.
Пазарите вчера беа изненадени од руската објава дека привремено го забранува извозот на бензин и дизел за да обезбеди снабдување на домашниот пазар во време на жетва и да ги стабилизира цените. Забраната не ги опфаќа Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан, а Москва не прецизираше колку долго ќе биде во сила.
Во петокот, Транснефт ја прекина испораката на дизел преку терминалите Приморск и Новоросијск на Балтичкото и Црното море, објави новинската агенција ТАСС.
Забраната повторно ќе внесе несигурност во и онака тесната глобална понуда на деривати и може да ги принуди земјите увозници да бараат алтернативни добавувачи и да наддаваат цени, објаснува РБЦ во белешката.
Големопродажните цени на бензините паднаа во петокот на Меѓународната берза во Санкт Петербург за речиси 10 отсто, а на дизелот за 7,5 отсто.
Руската забрана само ги турна во втор план стравувањата дека построгите услови за финансирање би можеле да ја потиснат економијата и побарувачката на нафта.
„На краток рок, цените веројатно ќе се дефинираат главно со сигнали на страната на побарувачката – оценуваат аналитичарите на Commerzbank во такво опкружување.