450
Рускиот претседател Владимир Путин оцени денеска во Хелсинки дека односите на Русија со САД се во „тешка состојба“, но се надева дека двете страни сега подобро се разбираат.
Путин го изјави тоа на заедничката прес-конфенренција со американскиот претседател Доналд Трамп, одржана по разговорите и работниот ручек на американската и руска делегација во Хелсинки, јави финската државна телевизија.
Путин рече дека не се договориле за сите работи, а дека разговарале и за Сирија.
– Задоволни сме од разговорите. Јасно, останаа некои предизвици. Се надевам дека сега подобро се разбираме едни со други, изјави рускиот претседател.
Путин нагласи дека Русија не се мешала во американските избори во 2016 година.