Трамп: Лесно ја победив Хилари, не гледам причина Русија да се замешала

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска по разговорите со рускиот претседател Валдимир Путин дека конструктивен дијалог со Русија отвора нов пат кон мирот и  дека не гледа причина да верува дека Русија ги хакирала претседателските избори во 2016 година за да му помогне да победи.

На заедничка прес-конференција во Хелсинки тој нагласи дека денешниот состанок е почеток на еден долг процес со силен дијалог со Русија.

– Нашиот однос никогаш не бил полош од сега, изјави Трамп, наведувајќи дека по разговорите што траеја четири часа во Хелсинки, се се променило. Тој оцени дека со Путин е договорено раговорите да продолжат во иднина.

– Путин е добар ривал и тоа е комплимент, изјави Трамп, додавајќи дека дава предност на дипломатијата и ангажманот, а не на конфликти и непријателство. Тој наведе дека со Путин разговарал за наводното мешање во американските избори. Според него, американската истрага за руското мешање е „катастрофа“ за САД.

– Лесно ја победив Хилари Клинтон, изјави Трамп.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска во Хелсинки дека Русија никогаш не се мешала во изборниот процес во САД.

– Морав да повторам дека руската држава никогаш не се меша и не планира да се меша во внатрешиот американски изборен процес”.

Тој потврди дека немало „заговор” меѓу неговата кампања и руската влада.

– Разговорите минаа во отворен амбиент. Ги сметам за многу успешни и многу корисни, изјави Путин на прес-конференција по преговорите.

Путин најави дека Студената војна е завршена и САД и Русија треба да  ги решаваат проблемите заедно.

Поврзани новости