Путин: Очекувам човештвото да има разум и да избегне војна

by fokus

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска, на годишната прес-конференција во Москва, изјави оти верува дека човештвото има доволно здрав разум да избегне нова светска војна.

-Се водам од размислувањето дека човештвото има доволно здрав разум и инстинкт за самозаштита и нема да премине во екстрем, рече Путин.

Рускиот претседател оцени дека украинскиот колега Петро Порошенко сака да го искористи инцидентот во Керченскиот Теснец, со цел да го зајакне својот рејтинг пред претседателските избори во Украина.

-Провокацијата имаше за цел да ги зголеми тензиите. Јасно е зошто му е тоа потребно на украинскиот колега. Сака да ги зголеми тензиите за да го зајакне рејтингот на еден од претседателските кандидати, а под тоа мислам на актуелниот претседател. Тоа е погрешно. Нема да донесе добро ниту за нивниот народ ниту за нивната земја, рече Путин.

Поврзани новости