Економскиот „блицкриг“ против Русија не успеа, вели рускиот претседател Владимир Путин.
Тој кажа дека Русија се соочува со финансиска и технолошка агресија.
„Економската тактика на блицкриг не функционираше, тоа веќе им е очигледно на сите, вклучително и на нив“, кажал Путин.
Рускиот претседател изјавил дека буџетот на Русија во следните три години ќе одговори на приоритетите и предизвиците со кои се соочува земјата. Приоритет е макроекономската стабилност на Русија.
Додал и дека е неопходно да се создадат услови за реструктуирање на економијата, реализација на национални проекти и развој на инфраструктурата, пренесува РИА Новости. Путин изјавил дека инфлацијата се намалила од 17,8 отсто во април на 14 отсто во септември и дека има причина да се верува дека до крајот на годината ќе биде уште помала. Додал дека невработеноста е на историски најниско ниво.
Инаку, откако почна руската инвазија на Украина, на 24 февруари, поради санкциите, падна вредноста на руската валута рубљата, но потоа таа се опорави.