Путин: Не сум нарачал убиство на Навални

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли обвинувањата за негова вмешаност во нападите и наводното обид за убиство на опозиционерот Алексеј Навални. Путин беше нападнат од Вашингон за обидот за убиство на Навални, кој беше отруен.

Путин ги негираше овие обвинувања и рече дека Навачни нема да биде третиран полошо од било кој друг затвореник.

Што се однесува до тврдењата на Америка за хакерски напади, рускиот лидер изјави дека ваквите обвинувања се чиста „фарса“.

– Ние сме обвинети за разни работи. Мешање во избори во САД, сајбер напади и така натаму. И тие никому не дадоа докази за тоа, само неосновани обвинувања, додаде Путин.

Поврзани новости