840
Во моментов, Русија и нејзиниот лидер Владимир Путин не покажуваат знаци дека сакаат да учествуваат во одговорни преговори и да стават крај на агресијата против Украина. Ова го истакна американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„Од една страна, ја фалиме Украина што е на маса и покрај тоа што е бомбардирана секоја минута од денот. Во исто време, не видов некои значајни напори на Русија да ја доведе оваа војна до крај преку дипломатија“, истакна Блинкен.