Петмина загинати во верижен судир на најмалку 50 возила во САД

by Fokus

Страшен верижен судар се случил во американската сојузна држава Мисури, во кој учествувале педесетина возила, а најмалку пет лица загинале, јавува Си-Ен-Ен.

Маглата наводно ја отежнала видливоста на патот кај Чарлстон, а до несреќата дошло поради задоцнето сопирање.

– Приближувајќи се кон автопатот, маглата беше многу густа, а видливоста помала од 15 метри. Имаше неколку несреќи од двете страни на автопатот – изјави директорот на Одделот за јавна безбедност во Чарлстон, Роберт Херн, пренесе Дејли Меил.

Поврзани новости