955
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални можеби самиот се отрул со новичок, наводно му рекол рускиот претседател Владимир Путин на францускиот претседател Емануел Макрон, пренесе „Ле Монд“.
Путин наводно во телефонски разговор со Макрон на 14 септември рекол дека Навални неколку пати ги „симулирал своите болести“, пренесува „Москва тајмс“.
Навални, кој денеска беше пуштен од болница во Германија, каде се лекуваше од труење, реагираше на наводните тврдења на Путин како нелогични.