Филип О’Брајан, аналитичар и професор по стратешки студии на Универзитетот Св. Ендрјус во Шкотска, верува дека Путин во следните неколку дена би можел да предложи прекин на огнот во Украина, бидејќи неговите сили трпат големи загуби.
-Тие едноставно немаат шанса брзо да напредуваат. Дури и доколку Русите успеаја да ги пробијат одбранбените линии, не можеа да го искористат тоа за да добијат предност, рече О’Брајан.
„Руските трупи не можат долго да учествуваат во војната“, додаде тој.
О’Брајан смета дека како се намалува руската борбена активност на бојното поле, така расте гневот во Кремљ.
-Штом Путин ќе објави победа на Русија во Донбас, Москва ќе организира лажни референдуми за жителите на окупираните територии да ја изразат својата желба да се приклучат кон Руската Федерација, вели тој.