Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека останува отворен за дијалог и дипломатско решение на украинската криза, но додаде дека за интересите на Русија, како што е безбедноста на земјата, не може да се преговара.
-Нашата земја е секогаш отворена за директен и искрен дијалог со цел да се најдат дипломатски решенија за најсложените проблеми, рече Путин во телевизискиот говор по повод 23 февруари, националниот празник Денот на бранителте на татковината.
Путин, кој претходно побара од западните земји Укрина никогаш да не влезе во НАТО, рече дека „не може да се преговара за интересите и безбедноста на руските граѓани“.
Наведувајќи ги „воените активности на НАТО“ како закана за Русија, рускиот претседател уште еднаш оцени дека загриженоста на неговата земја останува „без одговор“.
Путин најави дека ќе продолжи да ги развива способностите на руската војска, дигиталната технологија и вештачката интелигенција, како и хиперсоничното оружје.
Русија, која со недели беше осомничена дека подготвува инвазија на Украина, во понеделникот ја призна независноста на две проруски сепаратистички територии на истокот од земјата, што предизвика страв од руска воена интервенција пред портите на Европската унија.