Путин можеби им подготвува стапица на Вагнер, вели американскиот Институт за проучување на војната

by Fokus

Владимир  Путин можеби им поставува стапица на борците на Вагнер со тоа што ја претставува Белорусија како засолниште, соопшти американскиот Институт за проучување на војната (ISW).

Рускиот претседател им рече на членовите на платеничката група дека имаат три опции по прекинатиот бунт: да продолжат да и служат на Русија, да се пензионираат и да живеат цивилен живот или да го следат нивниот лидер Евгениј Пригожин во Белорусија.
Но, Институтот за проучување на војната (ISW) изјави дека Кремљ најверојатно ќе го смета персоналот кој пребегнал во соседна земја како предавници.

Институтот наведува дека приказната за Белорусија може да биде стапица за Вагнерците. Путин вети дека членовите на групата Вагнер  може да одат во Белорусија, а вчера рече дека ќе го исполни ветувањето.

Според Институтот долгорочната вредност на тоа ветување, и покрај говорот на Путин, е сомнителна.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко и предаде на Москва 33 затворени борци Вагнер.

„Нема очигледна причина зошто тој не би го направил тоа повторно“, изјавија од американскиот Институт за проучување на војната.

Поврзани новости