Путин ќе се сретне со мајките на војниците кои се борат во Украина

by Фокус

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска ќе се сретне со мајките на војниците кои се борат во Украина, соопшти официјален Кремљ.

„Пред Денот на мајката, кој во Русија се слави последната недела во ноември, Владимир Путин ќе се сретне со мајките на војниците кои учествуваат во специјална воена операција. Путин ќе се сретне и со мајките на резервистите кои се повикани да се борат и со мајките на професионалните војници“, се вели во соопштението од Кремљ.

На 21 септември, Русија последен пат јавно ги објави своите загуби, кога министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека загинале 5.937 руски војници.

Но, тој број е далеку помал од меѓународните проценки.

Поврзани новости