Русија ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, најави рускиот претседател Владимир Путин. При тоа контролата врз разместеното оружје нема да се пренесе на Минск.
Овој потег, Путин, не претставува кршење на договорот за неширење на нуклеарно наоружување и го спореди со разместувањето оружја по Европа.
-Ова не е ништо необично. Прво, Америка со децении го прави истото. Они неодамна распоредија тактичко нуклеарно оружје на територијата на сојузните држави – рече Путин за руската државна телевизија.
Тој додаде дека до први јули треба да заврши изградбата на складиштето за тактичко нуклеарно оружје. Путин потврди дека во Белорусија веќе се пренесени тактички ракетни системи, кои можат да се користат за лансирање на нуклеарното оружје.
Ова ќе биде прв пат по 90-тите Русија да има нуклеарно оружје надвор од нејзината територија.
Белорускиот режим е близок сојузник на Путин. Имено, Минск ја поддржа инвазијата на Русија врз Украина.