527
Рускиот претседател Владимир Путин, во денешниот телефонски разговор со финскиот колега Саули Нинисто, истакна дека би било грешка ако Хелсинки се откаже од неутралниот статус и се придружи на НАТО, соопшти Кремљ.
„Финска не се соочува со безбедносни закани и потенцијалната промена во нејзината надворешнополитичка позиција може негативно да влијае на билатералните односи помеѓу двете земји“, истакнал Путин.
Тој го информирал Нинисто дека преговорите со Киев практично се стопирани и оти украинската страна не е заинтересирана за сериозен и конструктивен дијалог.
Телефонскиот разговор беше реализиран на барање на Нинисто.
-Разговорот беше директен и отворен и беше воден без отежнување – посочи тој.