Рускиот истражен комитет денеска соопшти дека е покрената кривична постапка против судиите и обвинителите на Меѓународниот кривичен суд (МКС), кои минатиот петок издадоа налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин под обвинение за воени злосторства.
Комитетот, кој е одговорен за истрага на тешки злосторства, објави дека нема основа за кривична одговорност на Путин, бидејќи шефовите на држави уживаат апсолутен имунитет од јурисдикцијата на странски земји, пренесува Ројтерс.
„Постапките на обвинителите на МКС укажуваат на извршување на кривично дело според руските закони, бидејќи тие свесно обвинуваат невино лице за кривично дело и подготвуваат напад врз претставник на странска држава кој ужива меѓународна заштита, со цел да ја усложни меѓународната односи“, наведуваат од Комитетот.
Во извештајот на британската новинска агенција, се оценува дека одлуката на руските власти е симболичен гест на пркос и одговор на налогот издаден по Путин и комесарот за правата на децата во Русија поради обвинувањата за воено злосторство на депортирање деца од Украина во Русија.
Кремљ го нарече потегот на МКС срамен и правно ништовен, бидејќи Русија не е потписник на договорот што го создаде МКС.