Кoмисијата за дискриминација: Јанкулоска е дискриминирана во затворот „Идризово“ затоа тоа што е од женски пол

by Fokus

Комисијата за заштита од дискриминација констатираше дека поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска како осуденичка е дискриминирана во затворот „Идризово“ во Скопје, каде што издржува затворска казна од 4 години.

Комисијата утврдила директна дискриминација од страна на Управата за извршување на санкции кон осуденичка од женски пол.

На Јанкулоска и е оневозможено користење на посети надвор од установата, одмор, како и работно ангажирање, констатираат од Комисија и образложуваат дека „станува збор за погодност кое може да се користи ако осуденото лице одлежало третина од казната или пак има примерно поведение“.

Комисијата и препорачува на Управата за извршување на санкции во рок од 6 месеци да изготви акциски план со конкретни работи и буџетирање за сите осуденици без разлика на пол да можат да ги користат сите погодности пропишани со закон.

Поврзани новости