Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот го аминуваше новиот закон кој предвидува од 2016 година интернет компаниите да ги чуваат личните податоци на Русите во дата-центри лоцирани на територијата на Русија, потег кој може да влијае врз слободата на говорот на социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер, пренесува „Франс прес“.
Фејсбук и Твитер се компании кои немаат канцеларии во Русија и токму затоа станаа сериозна алатка на опозициските групи бидејќи овие компании одбиваат да ги дадат личните податоци на своите корисници на власта во Кремлин.
Откако се воведе употребата на руските дата-центри, овие и другите интернет компании ќе мора да се покоруваат на руските закони кои го определуваат пристапот до информациите. Власта во Русија вели дека со законот „ќе се подобри управувањето со личните податоци на руските граѓани на компјутерските мрежи“ и дека компаниите коишто нема да ја почитуваат оваа регулатива ќе бидат блокирани.
Изговорот на законодавец е дека личните податоци кои се поставени на сервери надвор од руската држава се под ризик да бидат хакирани и украдени од страна на криминалците.
Руската асоцијација за електронски комуникации, група која лобира во корист на интернет компаниите, пред неколку недели предупреди дека „ќе биде невозможно многу од интернет сервисите да функционираат под овој закон“.
Интернет компаниите исто така предупредија дека до 2016 година немаат доволно време да ги изгрдат дата-центрите кадешто ќе може да ги склладираат личните податоци за руските граѓани.
Овој закон доаѓа во време кога во Русија се имплеменитраат низа мерки за загушување на слободата на говоор, како регулативата која ги регулира протестите и предивидува мерка затвор за повеќекратно учество во протести и рестрикции за активностите на невладините организации.
Овој закон е во линија на други интернет рестрикции во Русија, вклучувајќи ја одредбата која вели дека блоговите коишто имаат повеќе од 3.000 следбеници треба да се регистрират како медиуми и директивата насочена кон „екстремниот говор“ која предвидува затвор до пет години ако ретвитнете „навредлива“ информација.