572
Рускиот претседател Владимир Путин денешните разговори со неговиот американски колега Џо Бајден ги оквалификува како „контруктивни”. Тој рече дека разговорите не биле непријателски, туку двете страни покажале подготвеност меѓусебно да се разберат. Притоа, Путин го опиша Бајден како искусен државник.
-Два часа разговаравме, тоа е нешто што не можете да го направите со повеќето политичари. Тој значително се разликува од поранешниот претседател Доналд Трамп – оцени Путин.
Тој додаде дека се договориле со Бајден за враќање на амбасадорите, откако рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов и американскиот амбасадор во Русија Џон Саливан се повлечени во своите матични земји во последните месеци поради зголемените тензии меѓу САД и Русија.