Пустец пак ќе гласа во Центар

by Фокус 18:59
18:59

На Избирачкиот список за референдумот кој во недела ќе се одржи во Центар за зачувување на автентичноста на Градскиот трговски центар останаа непознат број граѓани кои потекнуваат од Преспанскиот крај, а на ланските избори добија жителство во Центар. Тие се регистрирани по десетици на една иста адреса. Ова денеска го потврди претседателот на Државната изборна комисја,Никола Рилкоски, откако беше заклучен Избирачкиот список.

-Во избирачкиот список се запишани 43.560 граѓани, од кои 895 се на привремена работа во странство, а 45 се на издржување затвор или притвор во четири затвори низ Македонија, додаде претседателот на ДИК, Никола Рилкоски.

- Advertisements -

 

Поврзани новости