Несторовска го победи Стевче Јакимовски на суд

by Фокус

Основниот суд Скопје 2 денеска донесе пресуда, според која советничката Магдалена Несторовска не го навредила градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, поточно го одбо неговот тужбеноп барање Несторовска да му плати 80.000 евра за наводна клевета .
Несторовска на прес-конференција тврдеше дека Јакимовски за неполни три месеци склучил два договор за набавка на спортски гаќички, маици и тренeрки, во износ од 120 илјади евра, во услови кога општината е финансиски презадолжена, што Јакимовски го сметаше за клевета.

За овие тврдења против советничката беа поднесени три тужби за навреда и клевета, со барање за отштета од вкупно 80 илјади евра. Јакимовски како физичко лице ѝ побара 30 илјади евра. Општината Карпош, преставувана од Стевчо Јакимовски како градоначалник, за нанесената навреда и клевета побара исто така отштета од 30 илјади евра, a фирмата што ги добила тендерите во поднесената тужба побара 20 илјади евра отштета.

Како неосновано е одбиено и тужбеното барање на фирмата, додека постапката за Општината е во тек, потврдуваат за Академик од Основниот суд Скопје 2.

Поврзани новости