434
На Избирачкиот список за референдумот кој во недела ќе се одржи во Центар за зачувување на автентичноста на Градскиот трговски центар останаа непознат број граѓани кои потекнуваат од Преспанскиот крај, а на ланските избори добија жителство во Центар. Тие се регистрирани по десетици на една иста адреса. Ова денеска го потврди претседателот на Државната изборна комисја,Никола Рилкоски, откако беше заклучен Избирачкиот список.
-Во избирачкиот список се запишани 43.560 граѓани, од кои 895 се на привремена работа во странство, а 45 се на издржување затвор или притвор во четири затвори низ Македонија, додаде претседателот на ДИК, Никола Рилкоски.