680
Универзитетот ФОН синоќа со свечен прием го пушти во употреба ново-изградениот студентски дом на површина од 20.000 метри квадратни, со капацитет за 500 студенти.
Студентскиот дом има 150 апартмани, наменски заеднички простор, библиотеки, читални, фитнес центри и свој посебен ресторан за исхрана на студентите.
„Овој студентски дом отвара нови врати на глобализација во Македонија истовремено е можност за новите студенти да студираат по светски образовен концепт по врвни стандарди. Сметаме дека со заокружувањето на овој мултифункционален концепт е клучот на квалитетното образование на 21 век“, велат од ФОН.