Пунктот пред Веро центар за собирање помош за настраданите од поплавата, од денес е затворен за донации и во иднина ќе служи само како собирно место за волонтери кои ќе се упатуваат да помагаат на терен, соопштуваат од независната иницијатива.
-Благодарност до сите волонтери кои во изминативе десетина дена неуморно работеа! Продолжуваме со работа на терен, им стоиме на располагање на сите, кои на било кој начин сакаат да се вклучат во санација на штетите предизвикани од поплавата!“, велат од иницијативата.
Од денеска, исто така, Македонска пошта ги отвора своите единици на поштенска мрежа за собирање хуманитарна помош за настраданите подрачја во скопскиот регион. Помошта во конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за лична хигиена и дезинфекција, хуманите граѓани може да ја остават во било која поштенска единица на Македонска пошта на целата територија на Република Македонија до 31 август.