Пулмологот Балоски: Ламбда сојот ќе дојде и кај нас, младите да бидат внимателни!

by Fokus

Марјан Балоски, пулмолог во ГОБ 8 Септември во интервју за ТВ24 изјави дека делта-сојот дава симптоми различни од оние кои беа карактеристични за основниот и британскиот сој. Според него, многу од младите лица погрешно ги толкуваат овие симптоми, па наместо да се изолираат, тие го шират вирусот.

-Во почетокот можете да имате главоболка, кивавица, течење на носот и да помислите сте седеле под клима или сте возеле со отворен прозорец, или да мислите дека баш сега сте добиле алергија за првпат. Најчесто младите мислат дека не е ништо сериозно, а го шират вирусот, па затоа сакам да испратам еден апел до сите кои првично сметаат дека имаат симптоми на алергија или настинка да се изолираат поради можноста да се преносители на Ковид-19 – вели Балоски.

Докторот исто така предупредува дека треба да бидеме подготвени и за ламбда-сојот, кој во секој момент може да пристигне во нашата земја.

„Се работи за тројна мутација. Постои, кај и да е ќе дојде кај нас. Секој да даде личен допринос и едноставно да ги почитува правилата за да спречиме несакано губење на животи“, истакна докторот.

Поврзани новости