Куче вчера било застрелано со воздушна пушка во момент кога поминувало улица, а истовремено улицата ја поминувале жена и деца кои исто така биле изложени на опасност, соопштуваат од здружение за заштита на животните ПРО АНИМА Берово. Инцидентот се случил вчера околу 16 часот, а жената и децата ја виделе групата меѓу кои било и лицето кое пукало.
– Кучето има пет рани од иста природа, ама со различно време на нанесување на истите, што укажува на повеќекратно изживување врз него.
Пукањето е извршено во присуство на жена и деца,кои истовремено ја поминувале улицата,со што и тие биле изложени на опасност. Случајот од наша страна е пријавен во полиција,а сведоците дадоа изјава. Кој проблем треба да го имаш за со воздушна пушка се шеташ низ населено место? Што створ треба да си за некој што воопшто не ти згрешил да ти стане мета? Што ќе беше ако не беа прецизни па куршумот погодеше некој од присутните? Чија е пушката? Имаат ли потврда или дозвола за поседување на оружје? Ако не, кој им ја дал пушката?, прашуваат од здружението.