105
Пукано е во автомобилот на градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибраими.
Во престрелката погоден e член на неговиот тим, кој во моментов е на комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат неофицијалните информации.
Според досегашните информации, цел на нападот бил градоначалникот на оваа општина, а во престрелката е повредено едно лице.
Наводно повредено било лице кое било дел од обезбедувањето на градоначалникот и било во негова придружба.
Кон Арачиново се упатени и полициски единици за обезбедување на местото и увид, сепак се очекува и официјална информација од МВР за инцидентот.