423
Две лица загинаа во престрелка во Љубљана, јавува ljubljanainfo.com.
Околу 15.00 часот љубљанската полиција добила информација за пукањето. Од тешките прострелни рани две лица починале на лице место.
Насилникот е во бегство, а полицијата трага по него, јавува 24сата.хр.
„Се молат граѓаните да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да не ја попречуваат работата на итните служби со престој на местото на инцидентот. Кога ќе станат познати повеќе информации, јавноста ќе биде информирана за тоа“, соопшти Управата на полицијата во Љубљана, пренесуваат медиумите.