103
Најмалку три лица се повредени во престрелка што се случила доцна синоќа на „Пластичарска“ во Скопје.
Според информациите, повредените се префрлени во Хируршката болница „Св. Наум Охридски“ и на комплексот клиники Мајка Тереза.
На престрелката и претходела масовна тепачка во која учествувале повеќе луѓе.
Се уште нема официјални информации од МВР и мотивите се уште не се познати.
Екипи на Јавното обвинителство и на МВР излегоа на терен и вршеле увид, па повеќе детали се очекуваат во текот на денот.