Пукање на кејот на реката Треска

by Fokus

Вчера попладне во селото Долна Матка, на реката Треска неколку лица пукале со огнено оружје, информираат од МВР.

„На 19.07.2020 во 16.01 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Долна Матка, скопско, на кејот на река Треска, неколку непознати лица пукале со огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото на настанот. На земјен пат биле пронајдени повеќе чаури, кои биле подигнати за понатамошна постапка од увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости