581
Еден полицаец пукал со пиштол за време на денешниот протест во Хонг Конг, што е прва употреба на вистинска муниција од кога почнале собирите во јуни.
Можат да се видат и други припадници на полицијата како го држат оружјето вперено во демонстрантите кои држеле шипки.
Ова, исто така е прв протест каде полицијата на улица изнесе водени топови.
Полицијата, за локалните медиуми изјавила дека пукањето било за предупредување на демонстрантите и дека неколку полицајци се одведени во болница.