Макрон го изненади Трамп со неканет гостин од Иран на самитот Г7

by fokus

Францускиот претседател Емануел Макрон им повика неочекуван гостин на самитот Г7 во Бијариц, за што не бил известен ниту американскиот претседател Трамп.

Среде самитот во Бијариц се појави иранскиот министер за надворешни работи , Мохамад Џавад Зариф , кој сигурно дошол како дел од тајната иницијатива на домаќинот на настанот ,францускиот претседател Макрон.

Засега не е јасна програмата на Зариф во Бијариц , освен дека ќе се сретне со некои француски функционери.

Лидерите на најмоќните светски земји воопшто не знаеле за доаѓањето на Иранецот. Репортерите во еден момент го прашале американскиот претседател Доналд Трамп за коментар за информациите дека Зариф пристигнал на самитот, но тој само изјавил дека нема коментар, што според „Вашингтон пост“ е добар показател дека тој немал поим дека Зариф доаѓа.

Претходно на самитот беа објавени информации дека лидерите се согласиле „Макрон да има задача да разговара со Иран врз основа на заклучоците на разговорите и на пренесување порака до Техеран“ за да се спречи ескалацијата во регионот, така што ниту другите лидери не знаеле за доаѓањето на тајниот гостин на Макрон.

Поврзани новости